Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, бурно реагираше на шпекулациите во англиските медиуми дека може да го напушти „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед во премиер лигата заостанува 15 бода зад градскиот ривал Манчестер Сити, иако Мурињо минатото лето донесе неколку големи засилувања.
„Не постои друг збор освен ѓубре за тоа што го пишувате. Вестите кои ја доведуваат во прашање мојата посветеност и професионалност ме погодуваат, иако е во прашање ѓубре. Апсолутно сум посветен на работата, а луѓето што го водат клубот се задоволни со односот што го имам. На средина сум од договорот, сакам да останам и подолго. Тоа го сакаат и челниците на клубот“ – рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА