Рома во четвртокот се пласираше во полуфиналето во Лигата на Нации, откако го елиминираше тимот на Бодо-Глимт. По поразот во првиот меч во Норвешка, на реваншот Рома оствари убедлив триумф со кој се пласираше меѓу најдобрите четири.
Тренерот на „волчицата“ Жозе Мурињо имаше многу примедби кон теренот во Норвешка, поради тоа што е направен со вештачка трева. После натпреварот во Рим даде интересна изјава.
„Се надевам дека со парите кои ги собраа од настапот во Лигата на Конференции, ќе го извадат теренот со вештачка трева, и на нивниот стадион ќе стават терен со природна трева“, се пошегува Мурињо.
Инаку Рома токму на тој терен во групната фаза доживеа катастрофа и загуби со 6-1. Меѓутоа ситуацијата се смени со нокаут фазата каде „волчицата“ беше подобра и се пласираше во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА