Рома се пласираше во финалето во Лигата на Европа каде за трофејот ќе игра против Севилја, која по голема драма и продолженија го елиминираше Јувентус.
Римјаните, пак, издржаа натпревар без голови во Леверкузен, сосема доволно за финале по победата од 1-0 на првиот дуел во Италија. Па, по крајот на мечот во Леверкузен во кој Рома имаше само еден удар надвор од рамките на голот, наспроти 20 шута на Баер, Жозе Мурињо и тоа како славеше, а од силните емоции и заплака од радоста за пласманот во финалето.
Мурињо ја освои Лигата на Европа во 2017 година со Манчестер јунајтед, има две шампионски титули во Лигата на шампионите со Порто и со Интер, а сега сака уште еден трофеј во својата голема тренерска кариера.
Passion. Hunger. Love. #SpecialOne #Romapic.twitter.com/Ulu2TbYvTC
— Jose Mourinho (@MourinhoNews) May 18, 2023
Иако често оспоруван поради опструкциите на противниците и начинот на кој неговите тимови играат фудбал, Португалецот се смета за еден од најдобрите тренери во светот, заедно со Пеп Гвардиола.
Финалето во Лигата на Европа ќе се игра во Будимпешта на 31. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА