Мурињо се сомнева во саботажа: „На полувремето сменив четири играчи, а требаше да сменам девет“

Фудбалерите на Бенфика синоќа победија на гости кај нисколигашот Атлетико во 1/16 финалето од Купот на Португалија, но Жозе Мурињо не беше задоволен од првото полувреме на својот тим. Резултатот беше нерешен до 73 минута, а потоа со два брзи гола Бенфика го обезбеди пласманот во следната фаза. 

Сепак, она за кое сите зборуваат е потегот на Жозе Мурињо на полувремето, а потоа и објаснувањето за тој потез по натпреварот. Мурињо го покажа незадоволството со дури четири измени на полувремето. Рего, Ивановиќ, Баренече и Араухо беа играчите кои „специјалниот“ ги остави во соблекувалната.

Беше интересно и по мечот затоа што Мурињо беше многу бесен.

„Направив четири замени на полувремето, а требаше да направам девет. Тие девет играчи не беа на теренот. Требаше само тројца да останат на теренот“, изјави Мурињо.

„Системот функционира, но играчите не функционираат. Не ги сакам играчите кои ме предаваат“, истакна „специјалниот“.

Се вчитува...