Легендарниот португалски стратег, Жозе Мурињо е можно да се врати на клупата на англискиот гигант Челси. Маурицио Сари најверојатно си заминува од клубот од „Стемфорд Бриџ“, а како замена за италијанскиот стратег се споменува името на Мурињо, кој на двапати седеше на клупата на лондонскиот гигант.
Во двете авантури на клупата, Мурињо го водеше Челси на 320 натпревари, на кои забележа 204 победи. Има најдобар процент на победи и порази во историјата на клубот. Освои три титули во Премиер-лигата, три во Лига купот и една во ФА купот.
Покрај Мурињо кандидати за менаџерската функција во Челси се и Френк Лампард, Масимилијано Алегри, Нуно Еспирито Санто и Хави Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА