Искусниот португалски тренер Жозе Мурињо е главен кандидат да стане тренер на Бенфика.
Веста се прошири во португалските медиуми откако Бенфика загуби со 3-2 од Карабах во првиот натпревар од Лигата на шампионите. Претседателот на клубот Руи Коста веднаш по натпреварот истакна дека Бруно Лаже повеќе не е тренер на лисабонскиот тим, по срамиот пораз, откако тимо имаш предност од 2-0 уште во 16. минута од средбата.
Утрово, бројни извори пишуваат дека Мурињо рекол „да“ и дека би можел да се врати во клубот каде што ја започнал својата тренерска кариера пред точно четврт век. Тој ја презеде Бенфика во летото 2000 година, неговата прва самостојна работа, но беше отпуштен по само три месеци во декември 2000 година.
Сепак, подоцна го презеде Порто и стана легенда на клубот, останатото е историја. Сега тој би можел да оди на клупата на лутиот ривал од главниот град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

