Жозе Мурињо по само три месеци на клупата на Фенербахче би можел да ја напушти Турција и да се врати назад во својата омилена лига – Премиерлигата на Англија.
За услугите на Мурињо е заинтересиран новиот сопственик на Евертон, Ден Фридкин преку неговата компанија Фридкин Груп која неодамна купи 94% од акциите и чека само на дозвола од Премиерлигата за да ги преземе “карамелите“. Богатството на Фридкин се проценува на 5,7 милијарди долари и од него се очекува да го врати Евертон на славните патеки. Прв чекор кон тоа, според него, е ангажманот на Мурињо.
Англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот дал позитивни сигнали за преговара за менаџерската позиција. Мурињо дојде во Фенербахче на почетокот од сезонава, но не стартуваше во клубот според посакувањата, па нема да биде никакво изненадување ако го напушти тимот од Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА