Жозе Мурињо го водеше Фенербахче на вчерашниот меч од турското првенство, по што португалскиот стручњак мораше да се спакува и час поскоро да се врати во татковината.
Причините се медицински, трофејниот стручњак во последно време се жалеше на болка во жолчката и сега ќе мора да замине под нож за проблемот да биде решен. Информациите од Португалија говорат дека станува збор за рутинска хируршка интервенција по која Мурињо неколку дена ќе биде во клиниката во Лисабон, по што ќе биде пуштен на домашно лекување.
Операцијата била зажана уште пред неколку месеци, а во Фенер очекуваат Мурињо да биде на клупата на првиот меч во новата година, што Фенербахче ќе го игра на домашен терен против Хатајспор на 5 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА