Жозе Мурињо еуфорично го прослави пласманот на Рома во полуфиналето од Лигата на Европа, откако „волчицата“ најпрвин со голот на Дибала во 89. минута избори продолженија, а потоа во дополнителните 30 минути конечно го скрши отпорот на гостите од Холандија.
„Сега гледате зошто косата ми е бела… имам над 150 европски натпревари и мислев дека имам видено се, но ова беше нешто ново и за мене. Горд сум на мојот тим, на начинот на кој игра и на кој се бори. Среќен сум во Рома и сакам да останам овде. На моменти знам луто да реагирам, но тоа е затоа што сум убеден дека овие играчи можат да бидат уште подобри“, изјави Мурињо.
Потоа, тој се осврна и на Пауло Дибала, кој минатото лето беше поврзуван со бројни европски гиганти, на крајот потпиша за Рома и се чини не погреши.
„Дибала мисли дека може да игра за најдобрите клубови во светот. Не велам дека тоа не е возможно, но Дибала дефинитивно во Рим ја најде љубовта и среќата што му недостигаше“, прокоментира португалскиот стручњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА