Милан ја совлада Рома со 3-1, а пред мечот посебен дочек имаше Жозе Мурињо од навивачите на клубот од Милано. Мурињо на „Сан сиро“ беше дочекан со силни свирежи, што воопшто и не е чудно бидејќи во минатото го предводеше градскиот ривал Интер.
Своевремено изјави дека покрај Интер нема да води ниту еден тим од Италија, но призна дека пред три години имал понуда од Милан.
„Размислував за таа понуда три дена. Меѓутоа од оваа перспектива среќен сум што не ја прифатив. По почетокот на натпреварот двојно сум среќен што така направив“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА