Тренерот на Рома Жозе Мурињо, секогаш ја бранува јавноста со неговите изјави, па дури и кога неговиот тим не игра од различни причини.
После победата над Емполи, кажа дека како никогаш досега ужива во тренерската работа. Верува дека е подобар тренер отколку пред 20 години.
„Чувствувам дека сега сум подобар тренер од пред 10 или 20 години. Ако тренерот не напредува, тоа е затоа што ја изгубил страста и менталитетот кој му помага да напредува секојдневно“, вели Португалецот.
Тој кажа дека сака да донесе трофеј на тимот на Рома.
„Намера ми е да донесам трофеи на овој клуб, затоа што клубот живее од тоа. Тоа ја зголемува страста на навивачите. Недостасуваат победи и ние сме во проект да се вратиме на патеките на успехот. Ако биде со мене, ќе биде совршено. Ако не, ќе биде убаво да придонесам за создавање на иднина и остварување на сонот“, заклучи Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА