Актуелниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо е поврзуван со клупата на репрезентацијата на Португалија. Ова го јавуваат турските медиуми, кои велат дека ерата на „специјалниот“ во Истанбул е завршена, и дека следниот ангажман ќе му биде селекторски на својата родна земја.
Турските медиуми пишуваа дека двете страни начелно постигнале договор.
Сепак, извор во португалската фудбалска федерација категорично ги негираше овие информации, пишува „Рекорд“. Тој рече дека федерацијата нема намера да го прекине договорот со Роберто Мартинез, и не е во контакт со други потенцијални имиња.
Договорот на Мартинез со Португалија е до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

