Фудбалскта федерација на Бразил е во потрага по нов селектор по разделбата со Тите, а и покрај шпекулациите, Жозе Мурињо никогаш не бил реална опција да седне на клупата на „кариоките“. Бразилците решија да ангажираат странски тренер, проверено име, а медиумите од оваа земја пренесуваат дека Португалецот ја одбил понудата.
Претходно, поранешниот играч на Мурињо во Порто, Карлос Алберто, рашири гласини дека 59-годишниот тренер го повикал во стручниот штаб на националниот тим. И покрај тоа, Мурињо нема намера да се занимава со селекторска функција, туку неговиот фокус е да работи во клупскиот фудбал, односно во Рома.
„Римската волчица“ моментално е шеста во Серија А, а наскоро ја очекува двомчеот во 1/16 финалето од Лигата на Европа против Салцбург. Бразил беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

