Мурињо си најде алиби: Зошто во ЛШ кога не можеме да ја освоиме, подобри ни е во Лигата на Европа

Со Жозе Мурињо никогаш не е здодевно, особено кога „специјалниот“ не ги носи резултатите што се очекуваат од него во клубовите кои што работи.

Факт е дека Португалецот разочарува на стартот од авантурата во Фенербахче откако со овој клуб беше елиминиран од Лил во квалификациите за ЛШ, но Мурињо секогаш наоѓа изговори, па така веднаш по мечот вината ја насочи кон судијата, за по една преспиена ноќ да се јави со нова „анализа“. Според трофејниот стратег, за неговиот тим е подобро што нема да игра во ЛШ туку во Лигата на Европа, бидејќи со тоа би имал поголеми шанси за успех на европската сцена.

„Ако сме реални, ова е економски проаз бидејќи самото учество во ЛШ е важна финансиска инјекција за клубот. Загубивме шанса да играме против најголемите клубови во Европа, но реалноста е една – ние никогаш нема да ја освоиме ЛШ, никогаш не би можеле ниту да стигнеме до финалето. Вака ќе играме во Лигата на Европа, а тоа е натпреварување во кое ако бидеме на ниво можеме да имаме сериозен успех. Велам ако… постојат многу фактори, но доколку не сум во право, ќе имам сериозни проблеми“, прокоментира Мурињо.

Се вчитува...