Португалскиот менаџер Жозе Мурињо најде нов ангажман. Засега нема да се враќа на тренерската клупа, туку ќе работи како фудбалски аналитичар. На покана на „Bein Sports“, тој ќе ги коментира и анализира дерби – натпреварите од најквалитетните фудбалски шампионати. За тоа ќе добие и месечен хонорар од 60.000 фунти.
Поради слабите резултати на тимот, Мурињо се раздели со Манчестер Јунајтед, а на негово место пристигна Оле Гунар Солскјер и ги препороди „црвените ѓаволи“ кои почнаа победничка серија. Од разделбата со клубот од „Олд Трафорд“, Португалецот ќе инкасира 15 милиони фунти, а веќе е голема желба на Реал Мадрид и на Интер. Португалскиот клуб Бенфика исто така му даде понуда, но тој ја одби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА