Синоќа Жозе Мурињо прослави вреден јубилеј со Рома, 1000-ти натпревар во неговата богата тренерска кариера, а неговите фудбалери овој меч го „крунисаа“ со победа на спектакуларен начин.
Рома на домашен терен го совлада Сасуоло со 2-1, а победничкиот гол беше постигнат по продолжението од мечот, кога Ел Шарави ја затресе мрежата на гостите. Мурињо го прослави овој гол со своите играчи, помина околу половина терен и стигна до трибината со најжестоките навивачи.
Португалецот на тој начин покажа колку му значи оваа победа, вкупно 639 од 1000 натпревари, а во првата изјава по натпреварот призна дека не бил искрен пред овој дуел.
„На сите им кажав лага! Со денови им кажувам на играчите дека овој 1000-ти натпревар не ми е важен, но имав неверојатен страв од пораз! За среќа, победивме, а јас трчав денес како дете бидејќи се чувствував како да имам 12 години, а не 58“, призна презадоволниот Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА