Мурињо: Сите три гола Сити ги даде по наши грешки

Манчестер јунајтед го загуби градското дерби на „Етихад“ од актуелниот првак Манчестер сити со 3-1, а менаџерот Жозе Мурињо вели дека тоа е плод на грешките на неговиот тим.

„Немавме лошо издание, но, сепак, имаше грешки. Противникот ги искористи нашите грешки и сите три гола ги постигна на таков начин. Тоа е јасно, ако грешите против Сити, тие ќе ве казнат. Не можевме доволно да ја задржиме топката, и не можеше Де Хеа да спасува се. Имавме два тешки натпревари во низа, со Јувентус и со Сити, и дел од момците не го издржаа товарот. Противникот имаше полесен период. Не е исто да играте со Јувентус со Торино, и да го победите Шахтјор со 6-0. Во различни околности му пријдовме на натпреварот, но, сепак, Сити ги освои бодовите“, изјави Жозе Мурињо.

Манчестер сити е лидер на табелата по 12 одиграни кола со 32 освоени бода, додека Манчестер јунајтед се наоѓа на осмата позиција со 20 бода.

Се вчитува...