Мурињо слави: Дибала е нов фудбалер на Рома

Пауло Дибала е нов фудбалер на Рома, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Аргентинскиот репрезентативец во редовите на „волчицата“ доаѓа по завршување на договорот со Јувентус како слободен играч и ќе потпише три годишен договор.

Со новиот договор 28-годишникот ќе го продолжи децениското настапување во Италија. Тој во 2012 година пристигна во Палермо, а по добрите партии доби договор со Јувентус. За „старата дама“ одигра над 290 натпревари на кои запиша 115 гола и 48 асистенции.

Се вчитува...