Почетокот на сезоната 2023/24 е за заборав за Рома која по осум одиграни натпревари забележа само 11 бодови со кои се наоѓа на 10. место на табелата. Лошите резултати донесоа и шпекулации за заминување на Жозе Мурињо, но според последните информации на италијанскиот новинар Џанлука ди Марсио до отказ нема да дојде до крајот на оваа сезона.
А, искусниот португалски стратег веќе и го „намерачил“ новото засилување кое треба да направи пресврт на сезоната. Станува збор за англискиот репрезентативец Ерик Дајер со кој Мурињо успешно соработуваше во Тотенхем.
Дајер има договор со лондонскиот тим до 2024 година, а со оглед на тоа што оваа сезона не забележа ниту еден настап голема е веројатноста дека ќе биде дозволен трансфер во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

