Жозе Мурињо во следниот натпревар со Арсенал планира да одмора поголем дел од првотимците и да им даде шанса на фудбалерите од академијата. По вчерашната победа од 1-0 над Селта Виго, избраниците на Мурињо се пред пласман во финалето од ЛЕ, па затоа нема да ги изложи на ризик своите играчи во следните натпревари, бидејќи стравува од повреди, нешто што се случува многу често во последно време кај Јунајтед. На неколку натпревари по ред, португалскиот стратег мораше да прави замени поради повреди, а најчесто тоа беа играчи од одбраната, со што остана без стопери во последната линија, па мораше да импровизира.
Екипата на Манчестер јунајтед поминува низ тежок период поради повредите, а тоа што имаат тесен распоред и натпревари на секои три до четири дена, ја прави завршницата уште потешка за Мурињо, а до целта која им остана едиствена на „ѓаволите“, можат да стигнат на два начини. Сепак, Мурињо го одбра „полесниот“ пат до пласманот во Лигата на шампиони, имаат гостинска победа од 1-0 во полуфиналната фаза против Селта, за противник во финалето најверојатно ќе им биде Ајакс, кој забележа победи 4-1 против Лион во првиот меч.
Дербито против Арсенал нема да биде некое дерби доколку Мурињо навистина одлучи на терен да излезе со подмладен состав, а тоа е знак дека се откажа од четвртото место на табелата кое води во ЛШ, па затоа фокусот е свртен кон европскиот куп, а веќе во следното коло ќе имаат нов предизвик, гостуваат на „Вајт Харт Лејн“ против Тотенхем, па можеби тоа е причината за оваа чудна, но до некаде логична одлука на Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА