Мурињо со еден потег покажа колку е разочаран од отказот во Рома

Португалскиот стретег Жозе Мурињо пред три недели остана без ангажман откако доби отказ од Рома. И покрај тоа што на калчолигашот му ја донесе историската титула во европските натпреварувања освојувајќи на Конференциската лига, а следната година играше и во финалето на Лига Европа, за отказот пресуди лошата форма оваа сезона во која тимот беше на деветтото место на табелата.

Заминувањето од главниот град на Италија Мурињо го доживеал како шок со оглед на приврзаноста која ја створи со навивачите на клубот. За тоа колку бил разочаран открива италијанскиот медиум „Il Messaggero“ според кој Португалецот го вратил посебниот прстен кој му поклониле играчите на клубот по освојување на Конференциската лига.

Мурињо се чувствува изневерен од своите играчи и од управата на клубот, поготово по експресната замена со легендата на клубот Даниеле де Роси.

Се вчитува...