Хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ одново ја доби довербата на Жозе Мурињо и се врати меѓу стативите на Фенербахче каде беше еден од најдобрите фубалери на последниот натпревар против Сиваспор.
Ливаковиќ блесна на стартот на средбата, а имаше клучни одбрани и во продолжението па по триумфот од 3-1 доби пофалба и од страна на Жозе Мурињо.
„Натпреварот можеше да замине во било која насока. Ливаковиќ, можам да слободно да кажам, не држеше во живот во првите 20 или 30 минути. Имаше неколку важни одбрани уште на почетокот, но и подоцна. Наместо да губиме, поведовме со 1-0 и тоа во целост го промени текот на средбата. Во продолжението поставивме контрола и покажавме одличен фудбал, не само преку поседот, туку и квалитетот на игра“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА