Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е се понезадоволен од својот престој во Фенербахче. Пред вечерашното гостување во Лисабон кај Бенфика, тренерот на турскиот тим го критикуваше раководството за трансфер политиката.
Тој истакна дека доколку сакале да играат во ЛШ, тогаш ќе стореле нешто во врска со трансферите помеѓу натпреварите со Феенорд и Бенфика.
„Ако Лигата на шампионите беше важна замојот клуб, тој ќе направеше нешто во периодот помеѓу третото коло и плеј-офот. Играме со истиот состав против Бенфика како што игравме и против Феенорд. Според мене клубот не вложи никаков напор пред овие натпревари“, изјави тренерот на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

