Мурињо со пофалби за Џеко: Тој не старее, ме потсетува на мене од младоста

Фенербахче славеше со 3-4 на гостувањето против Лугано во квалификациите за Лигата на шампионите благодарение на одличната партија на Един Џеко, кој запиша хет-трик.

Сето тоа секако не помина без пофалби од новиот тренер на турскиот тим, Жозе Мурињо кој Босанецот го спореди со него кога тој бил помлад.

„Тој човек не старее. Игра многу, многу добро. Да постигнеш три гола на секој натпревар е фантастична работа. Ме потсетува на мене кога бев помлад. Многу зборува, премногу се жали. Има емоција на млад човек и среќен е затоа што кога правев такви работи секогаш добивав црвен картон“ – го коментираше Мурињо синоќешниот настап на Џеко.

Се вчитува...