Мурињо со солзи на лицето испиша историја (видео)

Жозе Мурињо во кариерата има освоено речиси се, а сега ќе има можност и да стане прв тренер што ќе го крене пехарот во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

Тој со Рома успеа да слави на синоќешниот реванш против Лестер и да се пласира во големото финале, а „специјалниот“ по последниот свиреж на судијата не можеше да го скрие солзите, видно емотивен што ќе игра ново европско финале за трофеј што досега го нема во кариерата, по оние во ЛШ со Порто и со Интер, како и со пехарот во Лигата на Европа што го освои со Манчестер Јунајтед.

„Толку сум изморен, сакам да си одам дома… Пресреќни сме, ова е победа на семејството, бидејќи Рома е едно големо семејство. Мислам дека одигравме одлично, можеби некој нема да се согласи, но кога вашиот голман ќе има само две одбрани за 120 минути игра против екипа од Премиер-лигата, значи дека нешто сте направиле добро. Во финалето сме, сега сакаме да победиме во него и да го кренеме пехарот“, изјави Мурињо.

Се вчитува...