Жозе Мурињо со Рома има променливи резултати сезонава во Серија А, Португалецот веќе е во план за следнта година, па подготвува „специјална“ стратегија за продажба на пет играчи и да дојде до буџет од 90 милиони евра за сериозен настап на трансфер пазарот.
Според „Газета Дело Спорт“, на излезни врати кај Рома се Верето, Ибањез, Михтарјан, Матиас Вина и Заниоло. Доколку успее да ги продаде, Мурињо планира да го купи Гранит Џака од Арсенал.
На списокот на желби на Мурињо се и Сенеси од Феенорд и Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА