Мурињо со замерки за Осимен: „Многу бре симулираш…“

Жозе Мурињо вели дека не му се допаѓа баш однесувањето на засилувањето на Галатасарај, Виктор Осимен, кој на позајмица од Наполи се пресели во Турција.

Мурињо, кој нема „влакна на јазикот“, се појави со јавни критики за Осимен иако претходно и го пофали.

„Тој е фантастичен игра. Во Турција дојде под тешки околности, но тоа не е важно. Важно е дека Галатасарај доби неверојатно засилување“ – изјави Португалецот, притоа преминувајќи на тоа што му замера на Осимен.

„Немам проблеми со Виктор, имаме добар однос, но секогаш кога е на терен разговарам со него затоа што не ми се допаѓа како се однесува. Премногу симулира. Минатиот пат кога играа Рома и Наполи разговарав со него и му кажав: ‘Слушај, ти си еден од двајцата најдобри афрички фудбалери. Ти и Салах. Но, не можеш да се однесуваш така. Многу бре симулираш…“. Ете тоа е мојот проблем со него. Но за турската лига неговото доаѓање е фантастично, како и за Галатасарај“.

Се вчитува...