Репрезентативецот на Италија, Андреа Белоти ќе биде трето супер засилување на Рома, после Пауло Дибала и Џорџино Вајналдум, кој од ПСЖ треба да дојде на заем.
Според последните информации на дел од италијанските новинари-експерти за трансфери, Белоти и Рома имаат договор за 2,8 милиони евра годишна плата и тригодишна соработка и сега се чека само момент за официјализација на соработката.
Рома треба да се ослободи од еден или двајца напаѓачи во моментов за да може да направи место за Белоти, кој досега поради Рома ги одбил сите други понуди што стигнале на негова адреса. Белоти е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА