Манчестер јунајтед го совлада лидерот Челси со 2-0 на „Олд трафорд“ и си ги зголеми шансите за освојување на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата, која води во квалификациите за Лигата на шампионите. Португалецот успеа да го надмудри Антонио Конте, но на прес – конференцијата по мечот изјави дека не чувствува некоја посебна среќа затоа што го победил Челси.
„Среќен сум поради победата. Но, ве молам, немојте сега погрешно да ме разберете. Не сум среќен затоа што е Челси, туку затоа што освоивме три бода со кои останавме во трката за четвртото место. Го победивме лидерот, не е важно дали е тоа Челси. Заслужено победивме, со настапот не оставивме никој да фрли ниту најмал сомнеж на нашиот триумф. Поради тоа сум задоволен. Манчестер сити и Ливерпул ставија дополнителен притисок кон нас со своите победи, но моите фудбалери беа чудесни и знам дека до крајот ќе се бориме за четвртата позиција“, истакна Жозе Мурињо, по победата над својот поранешен тим Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА