Мурињо стана хит: Сакам и кучиња и мачки, не сум јас Курт Зума (ВИДЕО)

Жозе Мурињо гостуваше на шоуто на неговиот поранешен играч во Челси, Џон Оби Микел каде доби интересно прашање дали повеќе сака кучиња или мачки по кое стана хит на социјалните мрежи.

Харизматичниот португалски стратег имаше интересен одговор споменувајќи го Курт Зума, поранешниот стопер на Челси, за него добро познат од времето поминато на „Стемфорд Бриџ“ кој се најде во центар на скандал откако удри мачка па доби казна од 250 илјади фунти.

„Кучиња“, одговори Мурињо како помилено од овие две животни по што следеше и дополнување. „Но, немам проблем ни со мачки. Не сум Курт Зума“

Се вчитува...