Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е првиот пик за да биде селектор на Португалија, пишува италијанска „Газета“. Португалецот би можел да ја преземе репрезентацијата на својата земја, но би останал да работи паралелно и во Рома. Договорот е комплициран, но не и невозможен, јавува „Газета“.
Според информациите, Мурињо бил заинтересиран за селекторската функција, но исто така треба најпрво да се прашаат челните луѓе на Рома кои ќе треба да дадат зелено светло, со оглед дека „Специјалниот“ нема да биде целосно фокусиран кон работата во „Вочицата“.
Се верува дека март би можел да биде еден вид пробен период за Мурињо, па потоа да се види како понатаму. Инаку ако не успее со мисијата „Мурињо“, тогаш Португалија ќе се сврти кон селекторот на младинската репрезентација Руи Жорже.
Се очекува деновиве федерацијата на Португалија да се раздели со Фернандо Сантош после испаѓањето во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА