Мурињо суспендиран, нема да ја води Рома против Интер

Дисциплинската комисија во Серија А соопшти дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо добил казна од еден натпревар поради црвен картон. Португалскиот тренер беше исклучен за време на натпреварот од 7. коло од италијанското првенство против Аталанта (0-1).

На почетокот на вториот дел Мурињо беше незадоволен од судиската одлука. Поради тоа истрча на теренот и сакаше да се пресмета со главниот судија. Дисциплинската комисија соопшти дека Мурињо е суспендиран поради „влез на теренот и навреда на противнички играч“.

Португалецот нема да може да го предводи тимот во 8. коло од Серија А кога Рома ќе му гостува на Интер во Милано. Во 2010 година, Мурињо го освои Скудетото, Лигата на шампионите и Купот на Италија со „нероаѕурите“.

Се вчитува...