Мурињо типува: Русија сигурно победува

Жозе Мурињо е дел од тимот на стручни аналитичари кои во Русија во живо ќе го следат овој мундијал, а за „специјалниот“ нема дилеми околу победникот на премиерниот меч на СП 2108, во кој во 17 часот силите ќе ги одмерат Русија и Саудиска Арабија.

Русите ќе чувствуваат голем притисок, ова е прв натпревар, погледите на целиот свет се насочени кон нив. Сепак, квалитетот е на нивна страна и мислам дека имаат огромни шанси за победа над Саудиска Арабија, селекција што има неколку талентирани играчи, но сепак е далеку од посакуваното ниво. Реалноста е таква – Русија мора да победи“ – прогнозира Мурињо.

Останува да се види каков прогнозер ќе биде Португалецот на овој мундијал.

 

Се вчитува...