Давид де Хеа од ден на ден е се поблизу до трансфер во Реал Мадрид, а Жозе Мурињо веќе почна да ги разгледува опциите за прв голман на Манчестер јунајтед за следната сезона. „Црвените ѓаволи“ ќе добијат околу 60 милиони евра за својот голман, но ќе останат без еден од најдобрите поединци во екипата, па токму затоа Мурињо планира ново врвно име за отсуството на Де Хеа да не се почувствува премногу.
Како што јавуваат англиските медиуми, изборот на Португалецот паднал врз Јан Облак, извонредниот словенечки голман кој повторно има одлична сезона во дресот на Атлетико Мадрид.
За услугите на овој чувар на мрежата се интересира и Арсенал, по најавите дека Петр Чех би можел да си замине на крајот од сезонава, но Мурињо е убеден дека со понуда од 40 милиони евра ќе ја добие трката по Облак и непосредно по завршувањето на сезонава ќе го осигура потписот на Словенецот, со што ќе отвори и простор за експресна продажба на Де Хеа во Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА