Мурињо учи нов јазик за кој веднаш му најдоа клуб

Жозе Мурињо важи за еден од наједуцираните тренери на денешницата. Харизматичниот Португалец уште пред почетокот на фудбалската кариера заврши факултет како првенец на генерација, а со оглед на тоа што уште од млади години започнал со изучување на странски јазици денеска говори пет.

Но, еден од нив не е германскиот. Мурињо никогаш не ја криел желбата дека сака да научи да говори и на германски, а со оглед на тоа што неодмана остана со повеќе слободно време по отказот во Рома започна со исполнување на долгогодишната желба.

Истaтa веднаш му донесе и лавина гласини за можен премин во клуб од германската Бундеслига. Најзвучно име кое се споменува таму јасно е Баерн Минхен кој би можел да ја загуби титулата од Баер Леверкузен, но и „фармацевтите“ кои најверојатно ќе останат без тренерот Чаби Алонсо по крајот на сезоната и покрај историскиот успех кој го има тимот.

Се вчитува...