Манчестер јунајтед претрпе неочекуван пораз од Брајтон, целиот тим одигра очајно, а Жозе Мурињо вината ја побара кај напаѓачите. Како дел од ротациите Португалецот им даде шанса во стартниот тим на Маркус Рашфорд и на Антони Марсијал, но двајцата одиграа далеку под своите можности и дополнително го исфрустрираа „специјалниот“.
„Играчите кои добија шанса наместо други играчи воопшто не ја искористија. А кога тоа ќе се случи, кога неколку индивидуалци ќе потфрлат, многу е тешко тимот да игра добро. Можеби сега ќе престанете да ме прашувате: Зошто секогаш Лукаку? Зошто секогаш Лукаку? Еве зошто, мислам дека сега на сите им е јасно“ – изјави Мурињо.
Пласманот во ЛШ е осигуран и овој пораз не значи буквално ништо за Мурињо, но јасно е дека Португалецот нема да смета сериозно на Марсијал и Рашфорд при изборот на првотимци за финалето од ФА Купот против Челси, закажано за 19 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА