Португалскиот стратег Жозе Мурињо речиси една година беше без работа откако во декември минатата година доби отказ во Манчестер јунајтед. Трпеливо чекаше понуда и прифати да биде нов предводник на Тотенхем.
Денеска Мурињо се појави пред медумите на првата прес-конференција како нов стратег на Тотенхем и веднаш се наметна како главна тема на социјалните мрежи. Веднаш следеше прашање зошто прифатил да биде нов менаџер на Тотенхем кога во 2015 година, како тренер на Челси, изјави дека никогаш не би можел да го направи тоа. И Португалецот објасни во свој стил…
„Тоа беше пред да добијам отказ!“
? – 2015 – Jose Mourinho says ‘I love Chelsea fans too much’ to manage Tottenham
? – 2019 – Jose Mourinho is appointed Tottenham manager…?Mourinho was questioned on this in today’s press conference but, as always, he answered in style! ??
Recap: https://t.co/2FsgCbvB3D pic.twitter.com/ks4ge3bp1h
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА