Во изминатото коло Рома славеше важна победа од 1-0 над Аталанта, а по овој натпревар „волчицата“ врза две победи во низа во Серија А. На овие два меча Жозе Мурињо не беше на клупата.
Поради суспензија, Мурињо не го водеше тимот на Рома од клупата на последните два меча. На двата дуели неговиот тим победи.
По победата над Аталанта, тој се „простил“ со играчите и на шала им рекол дека веќе нема да биде на клупата на Рома, бидејќи така победуваат.
„По натпреварот тој ни рече дека добро сме ја завршиле работата и дека нема да биде повторно на клупата бидејќи без него освоивме шест бодови“, низ насмевка откри дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини.
Тој вели дека добил пофалби од Мурињо затоа што конечно не добил жолт картон за еден старт.
„Тој ме пофали бидејќи овојпат не добив жолт картон. Тоа не се случило долг период. За секој фаул што ќе го направев ми даваа жолт“.
Следниот натпревар на Рома е во четврток, на гостински терен кај Витесе во осминафинален натпревар од Конференциската лига, Мурињо со сигурност ќе биде на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА