Фенербахче ова лето го ангажираше легендарниот Жозе Мурињо за нов тренер, за после 11 години, конечно, да ја земе титулата во Турција. За успех и борба со Галатасарај потребни се играчи. Наводно Жозе има буџет од 100 милиони за засилувања, а добар дел на парите сака да ги искористи на носење на српски репрезентативец.
Станува збор за членот на Удинезе, Лазар Самарџиќ. 22-годишниот Србин е многу посакуван од Мурињо, меѓутоа за него има интерес од многу други клубови, па свесен е Португалецот дека влегува во „невозможна мисија“.
Самарџиќ минатото лето беше пред трансфер во Интер, но во последен момент транферот пропадна. Сепак, Мурињо има „таен адут“. А тоа е неговата вереница, која е од Турција, па единствено таа може да го натера да се пресели во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА