Жозе Мурињо ниту во третиот обид не успеа да стигне до трофејот во Суперкупот на Европа, откако со Манчестер јунајтед вечерва не успеа да го совлада Реал Мадрид. Премногу дефанзивниот пристап му се одмазди на „специјалниот“, кој дури по двата примени гола реши да ја отвори играта на својот тим, за на крајот мечот да го заврши со заслужен пораз.
„Загубивме, но мислам дека одигравме добар натпревар. На крајот се покажа дека Лигата на шампионите е сосема поинакво натпреварување каде играат тимови од врвна класа. А ние вечерва игравме против европскиот шампион. Разликата е во тоа што за фудбалерите од средниот ред на Реал Мадрид нема ‘реплики’, тие се уникатни. Единствени се и Крос и Иско и Модриќ и Кашемиро. Ние следната сезона ќе играме во ЛШ и се надевам дека ќе достигнеме едно поинакво ниво. Без оглед на поразот, верувам дека можеме да извлечеме позитивни работи и со оптимизам да влеземе во новата сезона од Премиер-лигата“ – изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА