Жозе Мурињо по единаесет години се врати во Италија, меѓутоа овој пат на клупата на Рома каде ќе се обиде да ја врати шампионската титула на „Олимпискиот Стадион“ по 20 години. За тоа на португалскиот стратег ќе му бидат потребни засилувања, а погледите на Мурињо се свртени кон српскиот интернационалец Филип Костиќ.
Играчот од средниот ред на Франкфурт имаше одлична сезона во германското првенство каде на 30 одиграни средби оствари 17 асистенции, а на тоа додаде и 4 постигнати погодоци со што ги привлече вниманието на останатите клубови од „топ 5“ лигите во Европа.
Трансфермаркт го проценува репрезентативецот на Србија на 35 милиони евра, сума која тимот од главниот град на Италија може да ја издвои. Досега „волчицата“ ги осигура трансферите на Руи Патрицио, Роџер Ибањес и Брајан Ренолдс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА