Рома успеа да извади бод од Торино во дуелот со Јувентус синоќа, и покрај тоа што имаше катастрофално издание во првиот дел, по кое Влаховиќ одлично стрелаше и донесе предност на Јуве. Тимот на Мурињо имаше многу среќа во првиот дел, откако тимот од Торино не успеа да искористи уште неколку шанси.
Токму Мурињо откри дека добро ги „искарал“ играчите на полувремето, а потоа во вториот дел Рома израмни и се врати со бод.
„На полувремето им реков на играчите дека се срамам од нив. Не може тука да се игра на таков начин. На мојот помошник тренер во текот на првиот дел му велев да се моли да заврши само 1-0. Имавме голема среќа во првиот дел. Не направив ништо посебно, тоа беше чиста среќа. Бевме поинаков тим во вториот дел, иако немав многу опции од клупата. Многу сум задоволен од вториот дел и тоа е важен бод за нас. Можев многу лесно да кажам дека сум генијалец кој ги менува работите на полувреме“, рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА