Динамо Загреб приреди вистинска сензација во Лига Европа откако по поразот од 2-0 во Лондон, успеа да го совлада Тотенхем со 3-0 на домашен терен и да го завери своето место во четвртфиналето од натпреварувањето и да испише историја.
Речиси перфектната партија на „модрите“ може да биде и пресудна за тренерот на лондонскиот состав, Жозе Мурињо кој по натпреварот повторно напомена дека победата на првиот натпревар не беше доволна сама по себе за пласман во следната фаза.
„Верувам дека не сме изненадени од Динамо, бидејќи уште пред натпреварот знаевме дека мора да играме на победа и да ги избегнеме оние мисли дека реми или минимален пораз е во ред. Им кажав на моите фудбалери да играат на победа. Дури и на полувремето им кажав да не се наслонат на тоа дека е 0-0. Ставот на Динамо беше исправен. Беа мотивирани, ја посакуваа победата и сакаа да докажат дека имаат талент и квалитет. Тоа можам само да го наречам професионализам, бидејќи професионализмот за мене почнува во ставот. Тоа е тоа што е битно. Талентот прави разлика, но ставот никгаш не смее да биде доведен во прашање“ – изјави Мурињо по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА