Рома оствари победа на гостувањето кај Емполи од 4-2, а победата ја резервираше уште во првото полувреме откако успеа да постигне четири гола. „Римската волчица“ оваа сезона има проблеми со одбраната и на неколку средби испушти убава предност, за на крајот да си заминат со пораз.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо сега беше расположен за шеги.
„Што се однесува до второто полувреме ние го одигравме за публика бидејќи ако дадевме петти гол никој немаше да не гледа. Вака, сите останаа до самиот крај покрај ТВ екраните. Пред почетокот на натпреварот знаевме дека Лацио, Аталанта и Фиорентина пропуштија бодови и ни беше важно за да победиме“, изјави Мурињо.
По оваа победа, Рома има 38 бода и е на шестото место во Серија А по 23 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА