Мурињо во свој стил: Подобро еднаш да загубиме со 4-0, отколку четири натпревари со 1-0

Рома синоќа доживеа тежок дебакал на гостувањето во Удинезе, откако запиша убедлив пораз од високи 4-0, прв неуспех на тимот на Мурињо од стартот на сезонава.

„Римската волчица“ очигледно не беше на посакуваното ниво, прими гол во раната фаза, па не успеа да одговори за да во вториот дел уште три пати се затресе мрежата на Руи Патрисио за конечен дебакл.

Контроверзниот тренер Жозе Мурињо имаше свој коментар по ваквиот исход.

„Ќе кажам дека претпочитам да загубам еден натпревар со 4-0 отколку четири меча со 1-0, затоа што на крајот загубивме само три бода, а не 12. Тешко е за нас и за навивачите да го голтнеме, но тоа е животот, имаме нов натпревар во четврток и одиме напред“, заклучи во свој стил тренерот на Рома.

Се вчитува...