Жозе Мурињо најави дека Герет Бејл ќе биде стартер на денешниот натпревар на Тотенхем против Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа.
Португалскиот стратег, и во свој стил, застана во одбрана на Бејл кој доби жестоки критики за својот период во Реал Мадрид.
„Репутацијата е една работа, а фактите се нешто сосема друго. Би сакал да ја имам неговата репутација и четири освоени трофеи во Лигата на шампионите. Но, јас имам само две. Тој направи разлика во Реал Мадрид, затоа што откако пристигна во тој клуб беа освоени четири трофеи во ЛШ во пет сезони. Па сега вие видете“ – вели Мурињо, притоа дополнувајќи:
„Секако дека ќе игра на денешниот дуел во Лига Европа.Тој е многу значаен за оваа наша екипа, од секако аспект. Работи навистина напорно и знам дека ќе биде добар“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА