Тренерот на Рома, Жозе Мурињо вчера беше поразен со 0-3 од Интер во натпревар од италијанската Серија „А“. Тоа е воедно најголемиот пораз на Португалецот на домашен терен, и вторпат губи со таа разлика.
Првиот пат со 0-3 загуби кога беше дел од Манчестер Јунајтед против Тотенхем на 27 август 2018 година.
Интер сите три гола ги постигна во првиот дел. Поранешниот тим на Мурињо можеше да му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на домашен терен, со оглед дека имаше многу шанси во вториот дел за поубедлива победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА