Мурињо за Дибала: Аргентина во Катар ќе има фантастичен играч

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала постигна два гола во средбата од 4. коло во италијанскиот шампионат против Монца. 28-годишниот Аргентинец така стигна до бројката од 100 голови во Серија „А“ во 257 одиграни натпревари.

Аргентинецот има 16 гола за Палермо, 82 за Јувентус и два за Рома. Освен тоа, напаѓачот запиша и 50 асистенции во Серија „А“ и така стана осми играч со вакви бројки.

Летоска Дибала од Јувентус дојде во Рома и се покажа дека ќе биде големо за силување. Тренерот Мурињо и Дибала видени се како се смеат во миговите кога голгетерот беше заменет.

„Минатата година кога играше за Јувентус и кога беше сменет тука во Рим, му реков ‘Мали, многу си добар’. Вечерва му го реков истото. Се насмеавме бидејќи се сетивме дека веќе даваше голови на овој стадион. Често добивате талент кој е изолиран внатре во тимот, а Пауло е голем талент кој игра за тимот. Многу помага и во одбрана. Има историја на повреди, но сега се поправа. Мислам дека ова е знак што следува во Катар. Можеби Скалони треба да ми испрати неколку вина, затоа што ќе има фантастичен играч на располагање“, изјави Мурињо.

Се вчитува...