Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не е задоволен од времето на пресудата, со која официјално му беа одземени 10 бода на Јувентус.
Италијанската фудбалска федерација му одзеде бодови на клубот од Торино, поради што од втората падна на седмата позиција, веднаш зад Рома која има бод повеќе на две кола пред крајот.
„Ова е шега за мене, знаејќи ги овие два натпревари пред крајот на сезоната е чудно за сите, дури и за Јувентус. Да ми кажевте пред натпреварите со Монца и Болоња, ќе имавме поинаков пристап во лигата. Поради тоа моравме да ги фрлиме сите наши карти во Лигата на Европа“, рече Мурињо.
Рома има дуели со Фиорентина и Специја до крајот на сезоната, како и финалето во Лига Европа против Севилја на 31. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА