Големиот инцидент во финишот од финалето на Лига-купот на Англија меѓу голманот Кепа и менаџерот на Челси, Маурицио Сари, се уште е во фокусот на вниманието на британската јавност. Челси безуспешно се обиде да ја намали тензијата со изјавата на Кепа на клупската веб-страница дека станува збор за недоразбирање, а се погласни се барањата голманот да биде санкциониран.
Поранешниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо, го следеше финалето како аналитичар на телевизијата „ДАЗН“, па „специјалниот“ по натпреварот да даде свој осврт за инцидентот во неговиот поранешен клуб.
„За среќа, мене во кариерата ми се нема сличено вакво нешто. Кепа очигледно има голема самодоверба, како карактер тоа ми се допаѓа. Од друга страна пак, тој го остави целокупниот стручен штаб на незавидна ситуација, таков однос кон тренер никако не може да ми се допадне. Покрај тоа, тажно беше да се гледа и Кабалјеро како седи крај клупата, ситуацијата беше многу компликувана“ – истакна Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА